Girl in a jacket

СОВЕТИ ЗА ОСТЕОАРТРИТИС ВО ПРСТИТЕ

 

Симптомите обично започнуваат подмолно: наутро прстите се чувствуваат вкочанети и имаат тенденција да отекуваат. На многумина им е потешко и потешко да направат тупаница. На почетокот прстите болат само при движење, подоцна и кога се во мирување. Може да се појават и јазли или таканаречена осификација.

Зборуваме за остеоатртитис на прстите. Остеоартритисот е најчестата болест на мускулно -скелетниот систем ширум светот. Исто така популарно наречен “абење”, остеоартритисот може да доведе до хронична болка, ограничена подвижност, па дури и неможност за движење.

КАКО СЕ СОЗДАВА ОСТЕОАРТРИТИС ВО ПРСТИТЕ?

Бидејќи зглобовите на човечкото тело напорно работат во текот на животот, природното абење при стареењето не може целосно да се спречи. Како и да е, одредени зглобови се особено нежни и затоа се почесто погодени од другите. Ова исто така ги вклучува и зглобовите во рацете и прстите, бидејќи тие многу се движат и се под постојан стрес. Како резултат на овој стрес, слојот на ‘рскавицата се губи, синовијалната течност се намалува и коските се тријат едни од други. Како резултат на тоа, мобилноста на зглобовите се намалува и може да се појават симптомите споменати погоре.

КОЈ Е ПОДЛОЖЕН НА ОСТЕОАТРИТИС?

И возраста и полот играат одлучувачка улога. Од педесетгодишна возраст, секоја трета жена и секој четврти маж се погодени од трошење на зглобовите, од шеесетгодишна возраст дури и секоја втора жена и секој трет маж. Жените се особено изложени на ризик за време и после менопаузата. Тие се до десет пати поподложни на оваа болест од мажите.

КОГА СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ СТАНУВА ПРЕДИЗВИК

Нашите раце се незаменливи во секојдневниот живот. Кога секојдневните движења, како што се едноставно отворање шише, врзување врвки на чевли, цедење на крпата за чистење, запетлување ѓердан или работа на компјутер, ќе станат предизвик, треба веднаш да се алармирате. Важно е брзо да се реагира на овие знаци на предупредување, бидејќи остеоартритисот обично веќе се шири во прстите. Добрата вест е што дури и ако остеоартритисот (се уште) не е излечив, честопати лесно се третира. Целта е секогаш да се ублажи болката, да се подобри мобилноста и да се забави абењето на зглобовите.

ШТО МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ ЗА ОСТЕОАРТРИТИСОТ НА ПРСТИТ

Лековите против болки може да бидат корисни за акутна болка, но тие најчесто не даваат долгорочно олеснување, а исто така можат да предизвикаат и проблеми со стомакот при подолга употреба. Ви ги пренесуваме советите за тоа што можете да направите за да си ги олесните болките:

ЧЕТИРИ НАШИ СОВЕТИ ЗА ОСТЕОАРТРИТИС ВО ПРСТИТЕ

 

1. МАСИРАЈТЕ ГИ РАЦЕТЕ

Масирајте ја едната рака со другата. Потоа ставете ги рацете на шише со топла вода. Третманот со тераписка глина од аптеката е исто така добар за вашите раце. Можете да ја ставите во фрижидер или да ја загреете накратко – како што ви е поудобно за вас. Потоа убаво замесете ја со едната рака. Пробајте самите колку време ви е добро вам. Потоа истото направете го и со другата рака.

 

 

2. ИСТЕГНЕТЕ ГИ ПРСТИТЕ

Ако имате болки во рацете, прстите често остануваат во малку искривена положба. Значи, време е убаво да ги истегнете прстите! Ставете ги двете раце на маса, раширете ги прстите колку што можете повеќе, па потоа соберете ги заедно. Повторете ја оваа вежба десет пати (освен ако болката се интензивира)..

 

 

3. ЕДНА ПОИНАКВА БАЊА ЗА ПРСТИ

Можеби ќе ви звучи чудно, но ова помага. Купете семе за птици од продавница за миленичиња, загрејте го во тавче на удобна температура и ставете ги и двете раце во него, додека ви е пријатно. Исто така можете да користите и загреана леќа за оваа „бања“ за прст.

4. ФАТETE ЈА ЧАШАТА!

Вежбајте посегнување по чаша. Фатете ја со едната рака и донесете ја до устата. Повторувајте ја оваа вежба неколку пати со едната, а потоа продолжете со другата рака. Исто така помага и да ја вежбате раката со сунѓерче и топла вода. За тоа ќе треба неколку пати да го потопите сунѓерчето во вода и потоа да го истиснете во раката. Сунѓерчето треба да е доволно големо за да го стиснете силно. Ова стискање ги вежба мускулите, а топлата вода ги смирува симптомите. Оваа вежба е особено добра за луѓето на кои им е тешко да ја стиснат раката во тупаница.