Girl in a jacket

ИМУНИТЕТ И ОДБРАМБЕН СИСТЕМ

Нашиот имун и одбранбен систем не е основа на нашето здравје само во време на коронавирусот и грипот. Тој работи за нас секој ден, без престан, како невидлива бариера и го штити организмот од несакани натрапници и штетни патогени. Додека ние сме развиле одбранбен механизам против голем број патогени, вирусите и бактериите со кои нашето тело никогаш не дошло во контакт можат навистина да го фатат неподготвен нашиот имун систем. За да се одржиме во добро здравје, нашето мото е: Да го зајакнеме имуниот систем!

Мораме да знаеме: на нашето тело му се потребни витамини и минерали за оптимално функционирање на сложениот процес на имунитетот. Во нив се вклучени витаминот Ц, Б, Д но и цинкот, селенот, железото. Ако сакате да го зајакнете имунитетот, треба да се потпрете и на важните растителни антиоксиданти, зашто тие го засилуваат телото на природен начин.